Рубио: Можна е средба Трамп-Зеленски во Њујорк следната недела

16.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рубио: Можна е средба Трамп-Зеленски во Њујорк следната недела

Според американските медиуми, Рубио нагласил дека Трамп е „единствениот лидер во светот“ кој има капацитет да разговара и со Украина и со Европа, како и со Русија. Тој додаде дека американскиот претседател ќе продолжи со своите напори за наоѓање решение за украинскиот конфликт.

Во исто време, дипломатските контакти меѓу Москва и Вашингтон продолжуваат на различни нивоа.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков претходно изјави дека двете страни ќе се обидат да организираат уште еден состанок до крајот на есента за да разговараат за отворените и спорни прашања во билатералните односи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата