Раџоелина го распушти Парламентот на Мадагаскар

14.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Раџоелина го распушти Парламентот на Мадагаскар

Сè уште е непознато дали декретот на Раџоелина има правна сила, бидејќи тој со француски воен авион избега од Мадагаскар.

Тој вчера и се обрати на нацијата од непозната локација, истакнувајќи оти нема да потклекне под притисокот на протестите и нема да поднесе оставка.

Во меѓувреме опозицијата собира потписи за во Парламентот да се поведе постапка за отповикување на Раџоелина.

Протестите во Мадагаскар почнаа поради прекините во водоснабдувањето и електричната енергија, но прераснаа во национално младинско движење, кое бара оставка на Раџоелина. Безбедносните сили употребија сила за да ги растераат демонстрантите, додека офицерите што ги поддржуваат протестите ја презедоа контролата врз воената команда.

Движењето Генерација З бараа промени – оставка на претседателот, реформа на изборниот систем и подобри основни услуги. Реакцијата на властите беше доста сурова, воведувајќи полициски час во главниот град и употребувајќи солзавец и гумени куршуми.

Раџоелина минатата недела ја разреши владата за да ја смири ситуацијата, но протестите не престанаа.

Мадагаскар и покрај природни ресурси е една од најсиромашните земји во светот. Според Светската банка, во 2022 година, 75 проценти од населението било сиромашно, а според Индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси интернешнл“, Мадагаскар е на 140-то место од 180 земји.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата