Продолжува хаосот во Непал- избегаа стотици затвореници, до смрт претепани тројца полицајци (ВИДЕО)

9.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Продолжува хаосот во Непал- избегаа стотици затвореници, до смрт претепани тројца полицајци (ВИДЕО)

Заменик-началникот на полицијата на Непал, Херамба Шарма изјави дека инцидентот се случил околу 19 часот по локално време кога повеќе од 500 демонстранти стигнале до затворот, објави непалската новинска веб-страница Хабархуб.

Тој додаде дека затворениците биле вооружени само со кујнски прибор, додека демонстрантите имале лопати, што ја спречило полицијата да интервенира.

Ситуацијата во Џалесвар останува напната. Безбедносните агенции одржуваат итни состаноци, а Канцеларијата на окружната администрација воведе полициски час од 18:40 часот денес до 8 часот наутро утре по локално време.

Претходно, демонстрантите застрелаа тројца полицајци стационирани во Котешвор откако тие веќе се предадоа, објави непалската новинска веб-страница Хабархуб.

Според исказите на очевидци, демонстрантите прво го запалиле полицискиот штаб пред да ги извлечат полицајците на улица. И покрај тоа што го положиле оружјето, тројца полицајци биле претепани до смрт од толпата.

Штабот на непалската полиција во Наксал ги потврди убиствата, опишувајќи ги како варварски чин што укажува на „влошување на безбедносната состојба во главниот град“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата