Пробив во податоците: ФБИ истражува напад врз информациските системи на Универзитетот на Пенсилванија

4.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пробив во податоците: ФБИ истражува напад врз информациските системи на Универзитетот на Пенсилванија

Во изјавата на универзитетот се вели дека пробивот во базата на податоци ги погодил „избраните информациски системи“.

„Соработуваме со органите за спроведување на законот и други технички ресурси од трети страни за да го решиме проблемот што е можно побрзо“, се вели во денешното соопштение на универзитетот. 

Електронската порака испратена до поранешни студенти минатиот петок, покажува дека некој, претставувајќи се како припадник на универзитетот, ја критикува институцијата како „елитистичка“, „невистинита“ и „целосно незаслужна“, користејќи и други, погруби изрази за опишување на персоналот и студентите.

Веб-страницата „Блипинг компјутер“ (Bleeping Computer), која се занимава главно со кибербезбедност, цитира непознато лице или организација, идентификувана само како „хакер“, која соопштува дека пробивот открил податоци за 1,2 милиони поранешни студенти и донатори на Универзитетот на Пенсилванија. ссм/

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата