Пробиен е историскиот тунел под Алпите што ќе ги поврзе Италија и Австрија (ВИДЕО)

18.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пробиен е историскиот тунел под Алпите што ќе ги поврзе Италија и Австрија (ВИДЕО)

Тунелот Бренер, кој кога ќе биде завршен ќе биде најдолгата подземна железничка врска во светот, е централен елемент од планот на Европа за префрлање на товарот од пат на железница за намалување на загадувањето и зголемување на прекуграничната трговија.

„Денес, заедно, преземаме одлучувачки чекор за изградба на еден од најголемите инфраструктурни проекти на целиот континент. Ова е историски ден за Италија, за Австрија и за цела Европа“, рече италијанската премиерка Џорџија Мелони на свеченото отворање на тунелот.

Треба да биде отворен за седум години

Тоа ќе биде првиот железнички тунел што директно ќе ги поврзува Австрија и Италија. Треба да биде отворен во 2032 година, со околу 16 години задоцнување, а ќе чини 8,5 милијарди евра, околу 2,5 милијарди повеќе од буџетот.

Тунелот под Алпите ќе биде долг 55 километри кога ќе биде завршен, или 64 километри кога ќе биде поврзан со постојната подземна врска со Инсбрук. Тоа ќе го скрати патувањето помеѓу Фортеца во Италија до Инсбрук од 80 минути на помалку од 25.

Секоја година, повеќе од 2,5 милиони камиони, 14 милиони возила и 50 милиони тони стока го преминуваат превојот Бренер. Околу 70 проценти од трансалпскиот товарен транспорт поминува низ Бренер по пат, а само 30 проценти со железница.

Но, новата врска би можела да биде доведена во прашање од Германија, која не ги завршила клучните северни пристапни правци до тунелот Бренер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата