Припадник на Хамас е уапсен при обид за влез во Германија- планирал терористички напади низ Европа

12.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Припадник на Хамас е уапсен при обид за влез во Германија- планирал терористички напади низ Европа

Тој бил приведен на автопатот А 17 од страна на истражители од Федералната канцеларија за криминална полиција (БКА) и федералната полиција.

Тој е обвинет за купување оружје за планирани напади врз еврејски и израелски цели во Германија и Европа, објавува „Скај Њуз“.

Според соопштението од канцеларијата на федералниот обвинител, Ел-К. купил автоматска пушка АК-47, осум пиштоли „Глок“ и повеќе од 600 куршуми во Германија во август 2025 година.

Оружјето му било испратено на неговиот соучесник во Берлин, но договорената средба во берлинската улица Турмштрасе не успеала по интервенцијата на полицијата.

Иако Хамас негира каква било поврзаност со лицата вклучени во оваа испорака на оружје, германските власти веруваат дека целта на оваа набавка била подготовка на терористички напади врз израелски или еврејски цели во Германија и Европа.

По апсењата, истражителите продолжиле да бараат поврзани лица. Во врска со претходните апсења во октомври, во Виена беше пронајдено складиште за оружје, кое, според австриските безбедносни власти, е поврзано со Хамас.

Исто така, минатата недела, во Лондон беше уапсен уште еден осомничен, 39-годишен Британец, кој наводно превезувал оружје во Виена.

Во меѓувреме, данската полиција утрово спроведе претреси во и околу Копенхаген, претресувајќи станови што им припаѓаат на осомничениот Ел-К. и неговиот соучесник.

Ел-К. ќе биде изведен пред истражен судија во Федералниот суд, кој ќе одлучи дали треба да му се издаде налог за притвор.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата