На 17 октомври Парламентот на Монголија го разреши од функција премиерот Занданшатар, по само четири месеци од именувањето.
Занданшатар (55) ја презеде премиерската функција откако Парламентот во јуни го разреши неговиот претходник Лувсанамсраин Ојун-Ердене, поради обвинувања за корупција и улични протести.
Курелсух треба да го номинира следниот 33-ти премиер, кој мора да биде потврден од Парламентот.
Политичката ситуација во Монголија изминатите години е нестабилна поради распространетата корупција и слабата економија. Смената на двајца премиери за неколку месеци ќе предизвика дополнителна несигурност и ќе ја поткопа довербата на инвеститорите во земјата богата со ресурси.
Претходно, Светската банка ја намали својата прогноза за економскиот раст на Монголија во 2025 година на 5,9 проценти, наведувајќи ги пониските цени на јагленот, неизвесноста во глобалната трговија, како и високата инфлација и стагнацијата на платите. Прогнозата на СБ во април предвидуваше економски раст од 6,3 отсто. Бруто домашниот производ на Монголија минатата година забележа раст од 4,9 проценти.