Познат е датумот: Ќе се сретнат Зеленски и Трамп

16.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познат е датумот: Ќе се сретнат Зеленски и Трамп

„Претседателот имаше повеќекратни разговори со Путин, повеќекратни средби со Зеленски, а веројатно ќе има и една следната недела во Њујорк“, рече Рубио во Тел Авив, објави „Киев Индепендент“.

Трамп и Зеленски последен пат се сретнаа на 18 август во Белата куќа, додека неколку дена претходно Трамп го имаше својот прв самит со Путин во Алјаска.

Иако Украина ја отфрли поканата на Путин за разговори во Москва, Зеленски постојано ја изразуваше својата подготвеност да се сретне со рускиот лидер на неутрално тло. Под водство на Трамп, САД воведоа царини за руската нафта, додека Трамп, во обид да постигне договор, ги ублажи санкциите кон Русија.

Тој, исто така, ја критикуваше Европската Унија за нејзиното континуирано купување руска нафта и гас.

Извор: Б92

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата