Поранешниот премиер на Непал, Оли бара истрага за убиството на демонстрантите

19.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поранешниот премиер на Непал, Оли бара истрага за убиството на демонстрантите

Оли поднесе оставка на 9 септември, еден ден откако полицијата уби најмалку 19 демонстранти. Тој тврди дека крвопролевањето е иницирано од „уфрлени елементи“.

- Луѓето кои се инфилтрираа во протестите поттикнуваа насилство … тие се причина за трагичната загуба на млади живото. Владата не издаде наредба да се пука врз демонстрантите, објави Оли на Фејсбук.

Оли беше премиер од 2015 година, а по оставката не е појавен во јавност.

Непалските тинејџери и млади луѓе организираа протести по забраната на социјалните мрежи. Според нив забраната беше воведена за да се задуши кампањата против корупцијата. Демонстрантите го запалија Парламентот, како и резиденциите на политичките лидери, а оштетија и други јавни згради.

Поранешната претседателка на Врховниот суд, Сушила Карки, е избрана за привремен премиер, задолжена за нормализирање на ситуацијата во земјата и исполнување на барањата на демонстрантите до изборите закажани за март 2026 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата