Попусто бега: Храбра полицајка се фрли по крадец во морето покрај Њујорк (ВИДЕО)

13.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Попусто бега: Храбра полицајка се фрли по крадец во морето покрај Њујорк (ВИДЕО)

Крадецот се обидел да избега скокајќи во водата од пристаништето на полуостровот Рокавеј во Квинс, но не сметал на храбра полицајка.

Чејс снимен на камера

Штом Свофорд скокнал во водата, полицајката ја соблекла опремата и ременот, додека нејзината колешка повикала помош. Неколку моменти подоцна, таа скокнала во ладната вода и допливала до осомничениот.

Свофорд мавтал со рацете, се борел, но на крајот морал да се предаде. Тој бил извлечен на брегот и однесен во полициската станица со лисици.

Во еден момент, храбрата полицајка го прашала: „Поминавме низ сето ова поради украден автомобил?“, а тој одговорил: „Знам, беше глупаво.“

Сериозни обвиненија

Инцидентот се случил откако полицијата добила пријава за украдена Хонда на 28 јуни. Полицајците брзо го лоцирале осомничениот и се обиделе да го уапсат, објавува Њујорк пост.

„Тој не очекуваше нашите полицајци да скокнат по него без двоумење. Нивната реакција безбедно ја заврши потерата“, се вели во соопштението.

Свофорд беше изведен пред судија, кој нареди да биде притворен, а кауцијата му беше одредена на 15.000 долари. Тој е обвинет за поседување украден имот, обид за фалсификување регистарска табличка, неовластено користење возило, попречување на полицаец во вршењето на неговите должности и отпор при апсење.

Неговото досие покажува дека има претходни апсења, вклучително и за вооружен грабеж и напад врз полицаец.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата