„Со патрлоните летови ќе придонесеме за заштита на источното крило“, рече Писториус на маргините на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
„Тоа ќе нè направи уште поактивни, присутни и видливи на источната граница на Алијансата“, додаде тој, пренесен од ДПА.
НАТО започна нова мисија во септември за подобро да го заштити воздушниот простор на своите источноевропски членки по серијата повреди на воздушниот простор од страна на Русија.
Борбените авиони ќе го зголемат придонесот на Германија во мисијата наречена „Источна стража“.
„Кога (рускиот претседател Владимир) Путин ги тестира нашите граници, без разлика дали е тоа во Полска, Естонија или на друго место, ние реагираме решително, брзо и ефикасно“, рече Писториус.