Тој напиша дека продолжува со лекувањето и оти има целосна доверба во лекарите во болницата Гемели.
- И одморот е дел од терапијата. Искрено им благодарам на лекарите и здравствените работници од оваа болница за грижата што ми ја покажуваат и посветеноста со која ја вршат својата работа меѓу болните, се вели во пораката.
- Утре ќе биде третата годишнина од големата војна против Украина – болна и срамна прилика за целото човештво. Додека ја повторувам мојата солидарност со напатениот украински народ, ве повикувам да се сеќавате на жртвите од сите вооружени конфликти и да се молиме за мир во Палестина, Израел и на целиот Блиски Исток, во Мјанмар, Киву и Судан. Последниве денови добив многу пораки за љубов, а особено ме трогнаа писмата и цртежите од децата. Ви благодарам што сте со мене и за молитвите за утеха што ги добив од целиот свет, гласи пораката на Папата, во која тој ги повикува сите да се молат за него.
Канцеларијата за печат на Ватикан утрово соопшти дека папата Франциск имал мирна деветта ноќ во болница. Поглаварот на Римокатоличката црква се лекува од пневмонија во болницата Гемели во Рим./МИА