Хегсет: Смената на генералот Браун не е невообичаена, можни се уште откази во Пентагон

23.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хегсет: Смената на генералот Браун не е невообичаена, можни се уште откази во Пентагон

Хегсет ги отфрли наводите дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги политизира одлуките во војската, додавајќи дека се можни уште откази.

- Ништо во врска со ова не е преседан. Претседателот Трамп има право да го избере својот тим за национална безбедност, изјави Хегсет за Фокс њуз.

Министерот посочи дека и други претседатели, како Франклин Рузвелт, Џорџ Буш и Барак Обама, исто така направиле значителни промени во военото раководство по доаѓањето на власт.

Администрацијата на Трамп не крие дека сака да елиминира воени офицери кои го поддржуваат концептот на „разновидност и еднаквост“ во армијата, тврдејќи дека приоритет е „зајакнување на борбената подготвеност“.

Во петокот, според Хегсет, биле сменети шест генерали со три и четири ѕвезди, што според него е одраз на „волјата на претседателот“ да има луѓе што ќе ја спроведуваат неговата визија за националната безбедност.

Генералот Браун беше опишан како „чесен“, но според министерот, „не е вистинскиот човек“ за позицијата во моментов.

- Претседателот Трамп донесе уште една легитимна одлука, и таа ќе се почитува. Ако некои офицери не ја прифатат, ќе се најдат на излезна врата, нагласи Хегсет.

Белата куќа го номинираше пензионираниот генерал Ден Кејн за нов командант на здружениот Генералштаб, опишувајќи го како „вистински генерал, а не ТВ генерал“.

Неговата номинација треба да биде одобрена од Сенатот./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата