Зеленски: Русија го изврши најголемиот напад врз Украина во целата војна

23.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски: Русија го изврши најголемиот напад врз Украина во целата војна

Русија синоќа ја нападна Украина со 267 дронови, информира Зеленски.

- Нашиот народ секој ден се спротивставува на воздушниот терор. Во пресрет на третата годишнина од војната, Русија ја нападна Украина со 267 нападни дронови. Ова е најмасовниот напад откако иранските дронови почнаа да ги погодуваат украинските градови и села. Вкупно за една недела Русија нападна со речиси 1.150 офанзивни дронови, над 1.400 наведувани бомби и 35 ракети од различен тип, соопшти украинскиот претседател.

Тој им се заблагодари на сите кои секојдневно одбиваат вакви напади – авијацијата, противвоздушни ракетни трупи, единици за електронско војување и мобилни огнени единици на воздухопловните сили и одбранбените сили. Зеленски, исто така, им се заблагодари на оние кои се на местата на нападите и ги спасуваат луѓето од последиците од гранатирањето, повикувајќи се на екипите за итни случаи и на полициските службеници.

Украинскиот претседател повика да се направи се што е можно за праведен мир во Украина, што може да се случи „со единство на сите партнери на Украина – Европа, САД и сите кои сакаат траен мир“./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата