Орбан веќе разговарал со Трамп, за денеска се очекува и разговор со Путин за нивната средба во Будимпешта

17.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Орбан веќе разговарал со Трамп, за денеска се очекува и разговор со Путин за нивната средба во Будимпешта

„Тукушто го завршив телефонскиот разговор со претседателот Доналд Трамп. Подготовките за мировниот самит САД-Русија се во тек. Унгарија е остров на мирот!“, напиша Орбан на платформата X.

Во интервју за Радио Кошут утрово, Орбан објави дека ќе денеска разговара и со Путин.

„Мировниот самит во Будимпешта би можел да се одржи во рок од две недели“, рече унгарскиот премиер.

Според него, Унгарија е единствената земја каде што можат да се одржат преговори меѓу претседателите на САД и Русија.

„Тие бараа предвидлива средина“, прецизираше тој.

Трамп вчера изјави дека Унгарија треба да се подготви на таков начин што состанок на министрите за надворешни работи е закажан за една недела, а претседателите би можеле да се сретнат во Будимпешта една недела потоа.

Орбан изјави дека уште вчера дал упатства за формирање на организациски комитет и дека работата на него е започната.

Тој рече дека Европската Унија не преговара со Путин, дури ни како „помагачи на Доналд Трамп“, иако, како што изјави, „Европа треба да го следи својот дипломатски пат и да отвори независен канал Русија-ЕУ“.

За време на вчерашниот телефонски разговор  Трамп и Путин се согласија за состанок на високо ниво на нивните делегации, по што двајцата треба да се сретнат во Будимпешта.

„Претседателот Путин и јас ќе се сретнеме на договорена локација во Будимпешта за да видиме дали можеме да ја завршиме оваа неславна војна меѓу Русија и Украина“, напиша Трамп на својот профил на Truth Social.

Тој изјави дека тој и Путин имале долга дискусија за трговијата меѓу Русија и САД откако ќе заврши војната со Украина.

Тој истакна дека Путин честитал за „големото достигнување на мирот“ на Блискиот Исток, за кое „сонувале со векови“.

„Навистина верувам дека успехот на Блискиот Исток ќе помогне во нашите преговори за завршување на војната меѓу Русија и Украина“, рече американскиот претседател.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата