Орбан победнички се враќа од Вашингтон- Трамп го ослободи од санкции за руската нафта и гас

8.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Орбан победнички се враќа од Вашингтон- Трамп го ослободи од санкции за руската нафта и гас

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ѝ одобри на Унгарија привремено едногодишно ослободување од енергетските санкции против Русија, за купување руска нафта и природен гас преку два главни цевководи.

Лидерот на САД, изрази разбирање за зависноста на Унгарија од  Русија, поради како што кажа,  немајќи пристап до морските пристаништа, што ја отежнува набавката на гас на Унгарија од другите региони.

„Го разгледуваме тоа, затоа што него (на Орбан) му е тешко да најде нафта и гас од останатите региони. Како што знаете, тие ја немаат предноста да имаат море. Таа е прекрасна и голема држава, но не излегуваат на море. И тие имаат тежок проблем. Има уште една земја која го има истиот проблем. Но, кога гледате што се случи со Европа, многу од земјите кои ги немаат тие проблеми, купуваат нафта и гас од Русија. Тоа прашање можеше да се постави точно, ако зборувате за многу европски држави, но не за Унгарија, затоа што таа е во поразлична положба.“

Претседателот на Унгарија, Орбан ја истакна значајноста на ова олеснување на санкциите, потенцирајќи дека руската нафта и гас се од витално значење за унгарскиот народ и унгарската држава.

„Да објаснам јасно кои ќе бидат последиците за унгарскиот народ и економија ако не добиеме нафта и гас од Русија. Ние сме обезбедени преку цефководи. Тие не се политички и идеолошки проблем, туку се физичка реалност. Ќе преговараме за таа точка, затоа што тоа е витално за нас во секој случај.“

Во меѓувреме, Унгарија се обврзала да купува американски течен природен гас во вредност од околу 520 милиони евра.

Инаку, САД на крајот на октомври веќе ѝ одобрија на Германија ослободување од санкциите за нафта. Казнените мерки не важат за германските подружници на руската нафтена компанија Роснефт, кои се под германско управителство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата