Ограбен Музејот Лувр во Париз

19.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ограбен Музејот Лувр во Париз

Рашида Дати напиша на социјалните мрежи дека грабежот се случил утрово и дека нема извештаи за повредени. Би-Би-Си дознава дека е започната истрага.

Според неофицијални информации од музејот се украдени девет парчиња накит, а крадците кој влегле во музејот преку лифтот кој се користел за реновирање побегнале на мотори.

Музејот потврди дека ќе биде затворен во текот на денот „од вонредни причини“, без дополнително објаснување. Лувр е најпосетуваниот музеј во светот и содржи бројни познати уметнички дела и други вредни предмети.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата