Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп се зголеми по средбата со рускиот колега Владимир Путин, при што повеќе од половина од американските гласачи (54 проценти) го одобруваат неговото работење, според анкетата спроведена од американската агенција за истражување на јавното мислење „Инсајдер Адванџмент“.
Се забележува дека 44 проценти немаат позитивно мислење за Трамп, додека два проценти се неодлучни, според веб-страницата на агенцијата.
Се додава дека Трамп е во водство меѓу сите возрасни групи освен меѓу најстарите гласачи.
„Тој ги подобри своите бројки меѓу Афроамериканците и Латиноамериканците. Белите гласачи се на речиси рекордни 64 проценти. Гласачите под 65 години сега во голема мера го одобруваат неговото работење...
Севкупно, поддршката за Трамп расте по средбата со рускиот претседател“, се вели во анкетата. Анкетата е спроведена од 15 до 17 август.