Нема електрична енергија во голем дел од Бразил- погодени се милиони граѓани

14.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нема електрична енергија во голем дел од Бразил- погодени се милиони граѓани

Според Националниот оператор на електроенергетскиот систем (ONS), голем прекин во Националната мрежа на Бразил се случил во 00:32 часот по локално време, кога, со активирање на регионален систем за исклучување на оптоварувањето, била контролирана потрошувачката на околу 10.000 мегавати, објави CNN Brazil.

Пожарот доведе до целосно исклучување на трафостаница од 500 киловолти, што ги прекина врските помеѓу југот на земјата и југоисточниот/централно-западниот регион, што ги натера властите да ја опишат ситуацијата како „сериозна“.

Според информациите објавени од CNN Brazil, системот почна да се обновува неколку минути подоцна, но беа потребни околу час и половина до два часа за целосно нормализирање на снабдувањето со електрична енергија во северниот, североисточниот, југоисточниот и централно-западниот дел од земјата.

Бразилскиот министер за рударство и енергетика, Александар Силвеира, изјави дека причината е „локален проблем“, а не недостаток на енергија во системот.

Според податоците достапни на бразилскиот портал „Глобо“, повеќе од четири и пол милиони корисници низ целата земја останале без електрична енергија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата