Неколкумина загинати во поплави и свлечишта предизвикани од тајфунот Кајики во Виетнам и Тајланд

27.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неколкумина загинати во поплави и свлечишта предизвикани од тајфунот Кајики во Виетнам и Тајланд

Во Виетнам, најмалку седум лица загинаа откако тајфунот ја погоди земјата во понеделникот навечер, според владините извештаи. Едно лице сè уште се води како исчезнато, а над 30 се повредени. Обилните врнежи поплавија големи делови од земјата, вклучително и главниот град Ханој, каде улиците беа под вода, а автомобили и мотоцикли потопени. Жителите пријавиле дека виделе мали риби како пливаат низ поплавените домови.

Според владата, оштетени се над 8.000 куќи, а десетици илјади хектари оризови полиња се поплавени. Повеќе од 1,6 милиони луѓе привремено останаа без електрична енергија.

На Тајланд, каде Кајики ослабна во тропска бура, во северната провинција Чијанг Маи, популарна меѓу туристите, две лица загинаа во свлечиште во едно село, објави „Бангкок Пост“. Едно 12-годишно девојче сè уште се води како исчезната.

Според заменик-гувернерот Чатчавал Паниа, најмалку 10 куќи биле зафатени од кал и урнатини, од кои седум се целосно уништени. Многу повредени жители не можеле веднаш да бидат пренесени во болница поради отсеченоста на селото.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата