Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа изјави дека го назначил досегашниот министер за финансии Римантас Шаџус за вршител на должноста премиер додека биде формиран новиот кабинет, по оставката поднесена денеска од премиерот Гинтаутас Палукас.
Палукас во четвртокот објави дека ќе се повлече од функцијата поради притисок да го стори тоа поради неговите бизнис врски со компанија во сопственост на неговата снаа.
„Го избрав Римантас Шаџус да биде привремен премиер до формирање на новата влада“, рече Науседа во декрет објавен денеска од неговата канцеларија.
Аналитичарите очекуваат следниот премиер повторно да го избере Социјалдемократската партија на Литванија, но неговиот избор е предмет на гласање во Парламентот, каде што групата, која е најголема во Сејмот, има само 52 од 141 места. Парламентот по летната пауза треба да одржи седница на 10 септември.