Портпаролот на непалската полиција, Бинод Гимире, соопшти дека повеќето настрадани се во округот Илам во источен Непал, каде што се случиле неколку лизгања на земјиште.
- Вкупно 37 лица загинаа од лизгање на земјиштето само во Илам, додека преостанатите жртви се од удари на громови и ненадејни поплави, рече Гимире, додавајќи дека најмалку шест лица сè уште се водат како исчезнати низ целата земја.
Обилните дождови ги попречуваат спасувачките напори, при што многу патишта се однесени или блокирани од кал. Сите домашни летови се прекинати поради лошото време и лошата видливост.
Затворањето на патиштата се совпадна со враќањето на стотици илјади Непалци во Катманду од прославите на Дашаин, најголемиот фестивал во Непал. Доцните монсунски дождови во Катманду преизвикаа зголемување на нивоата на реките кои поплавија илјадници домови.
Лазгањето на земјиштето и поплавите се вообичаени во хималајската нација за време на дождовната сезона, при што секоја година убиваат стотици луѓе.