Најмалку 15 патници загинаа во тешка автобуска несреќа во Бразил- 11 жени меѓу жртвите (ВИДЕО)

18.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 15 патници загинаа во тешка автобуска несреќа во Бразил- 11 жени меѓу жртвите (ВИДЕО)

Трагедијата се случила доцна синоќа кога возачот на автобус што превезувал 30 лица ја изгубил контролата врз возилото, додаде полицијата, објави Си-Ен-Ен Бразил.

Меѓу жртвите, 11 жени и четворица мажи

Според Федералната сообраќајна полиција, автобусот преминал во спротивната лента, удрил во карпи покрај патот, потоа се судрил со песочен насип и се превртел.

Според засега познатите информации, меѓу жртвите се 11 жени и четворица мажи. Бројот на повредени во автобуската несреќа сè уште не е потврден.

Возачот е полесно повреден и е тестиран негативно на алкохол. Тој моментално е во полициската станица.

„Некои патници биле исфрлени од возилото, што укажува дека не носеле безбедносни појаси“, соопшти полицијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата