Во конфликтот со ЕУ околу царините, кои ќе достигнат до 50 проценти, Трамп ја отфрли вчерашната понуда на Брисел „нула за нула“ царини за индустриски стоки. Рече дека ваквата понуда за него не е доволна и наместо тоа предложи земјите од ЕУ да увезуваат енергија од САД во вредност од 350 милијарди долари што според него е еднакво на тековниот трговски дефицит на САД со ЕУ.
„ЕУ беше многу силна низ годините и јас секогаш велев дека е формирана за да направи навистина штета на САД во трговијата.... Тие испраќаат милиони и милиони автомобили во САД, но ние немаме автомобил што е продаден на Европската унија или на други места.“-изјави Доналд Трмап – претседател на САД.
Жесток одоговор на заканите на Трамп утринава стигна и од Пекинг. Трамп упати ултиматум до кинеската влада да се повлече одлуката за реципрочни царини од 34 % или САД ќе воведе дополнителни 50, со што втората најсилна економија во светот би се соочила со неверојатни вкупни 104 % царини за увоз на кинески производи. Од кинското министерство за надворешни работи порачаа дека ќе се борат до крај, доколку е потеребно ќе бидат превземени контрамерки за, како што рекоа да ги заштитат своите права и интереси.
„Ако таа тарифа не биде отстранета до утре во 12 часот, ние ќе ставиме тарифа од 50 проценти на тарифите што ги ставивме,-изјави Доналд Трамп – претседател на САД“
„Притисокот, заканите и уцените не се вистинските начини за справување со Кина. Ако САД не ги почитуваат интересите на двете земји и меѓународната заедница и инсистираат да се вклучат во тарифна војна и трговска војна, Кина ќе се бори до крај,“--изјави Лин Џијан – портпарол на министерство за надворешна работи на Кина.
Во меѓувреме укинување на царините побарал и еден од првите луѓе од доверба на Трамп, милијардерот Илон Маск. Повикувајќи се на неименувани извори, „Вашингтон пост“, забележува дека ова е најголемо несогласување досега меѓу извршниот директор на Тесла и американскиот претседател.