Младоженец починал на ергенската забава: Оливер, не верувам дека ова е вистина

16.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Младоженец починал на ергенската забава: Оливер, не верувам дека ова е вистина

Оливер отпатувал во Бенидорм, Шпанија, со својот брат, татко и најдобрите пријатели за да направи ергенска забава и да помине време со пријателите пред неговата венчавка, која била закажана за мај.

Сепак, збогувањето на Оливер со ергенството завршило трагично. Несреќниот младоженец наеднаш паднал од столот додека седел на шанкот и ја удрил главата на подот. Неколку секунди подоцна изгубил свест.

Работниците во локалот се обидувале да го реанимираат додека не пристигнала брзата помош. И лекарите дале сѐ од себе да го оживеат, но немало спас. Оливер бил прогласен за мртов 40 минути подоцна, пишува Daily Mail.

Полицијата во Шпанија соопшти дека причина за смртта бил мозочен удар. Трагедијата се случила на 22 март, но јавноста дозна за овој трагичен случај откако пријателот на Оливер започнале кампања за собирање средства на страницата JustGiving, во спомен на Оливер и за помош на луѓето кои претрпеле мозочен удар.

Пријателите со трогателни објави се простија од Оливер, кој со својата вереница имаше едногодишен син. Зборовите на неговата свршеница Пејџ ги расплакаа сите.

"Мој Оливере, не можам да верувам дека ова е реално. Ова не треба да е реално. Многу ми недостигаш. Мојот најдобар пријател, татко на нашето прекрасно мало момче, мојот вереник, мојата сродна душа. Ништо повеќе нема да биде исто, но ти ветувам дека ќе дадам сѐ од себе за нашето мало момче", напишала свршеницата на Оливер, Пејџ.

Неговата мајка Карен исто така е неутешна за смртта на Оливер.

"Ни недостигаш многу убаво момче, неподносливо е без тебе... Те сакаме до месечината и назад бебе. Едвај чекам да бидеме повторно заедно", напишала мајката.

Менаџерот на локалот во кој загинал Оливер ненадејно изјавил дека неколку луѓе скокнале да му помогнат на младиот Британец, кој само се струполил пред шанкот.

"Со помош на клиент му дадов CPR и му дадовме вештачко дишење. Беше свесен околу две минути, а потоа ништо. Го реанимиравме 15 минути, додека не дојде брзата помош, потоа се обидуваа речиси 45 минути, но залудно...", рекол Гастон Лусијано.

„Му дадоа адреналинска инјекција и го закачија на машина, направија сѐ што можеа, беше толку тажно. Неговите пријатели беа во шок во првата минута, а потоа ги погоди она што се случува, тие беа емотивни и плачеа“, вели Лусијано.

Гастон рече дека разговарал со таткото на Оливер, кој му рекол дека семејството е од Халифакс и дека Оливер има мал син.

„Требаше да се ожени во мај, беше толку млад“, додаде тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата