Министерот за одбрана на САД на средбата со Зеленски носи вратоврска со боите на Русија (ВИДЕО)

18.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Министерот за одбрана на САД на средбата со Зеленски носи вратоврска со боите на Русија (ВИДЕО)

Тој се појави со вратоврска во боите на руската тробојка, објави официјалната државна новинска агенција на Руската Федерација, ТАСС.

Снимките емитувани од американските телевизиски станици го покажаа Хегсет како на средбата со Зеленски седи лево од претседателот Трамп, а меѓу нив државниот секретар и советникот за национална безбедност Марко Рубио.

Потпретседателот Џ.Д. Венс и секретарот за финансии Скот Бесант седеа десно од американскиот лидер.

Вратоврската на Хегсет, со своите смели бели, сини и црвени ленти, наредени по ист редослед како и  националното знаме на Русија, јасно се издвојуваше во однос на воздржаниот стил на облекување на другите членови на американската делегација.

Иако знамето на САД исто така содржи исти бои, редоследот и дизајнот го направија овој моден избор особено впечатлив. Трамп и другите функционери се одлучија за класични, монохроматски вратоврски, објавува Јутарњи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата