Милеи: Преговараме за трговски договор со САД, сакаат да ни дадат некои трговски бенефиции

16.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милеи: Преговараме за трговски договор со САД, сакаат да ни дадат некои трговски бенефиции

-САД силно ја поддржуваат Аргентина и постојат трговски бенефиции што тие се подготвени да ни ги дадат, рече Милеи.

Претходно, американскиот секретар за финансии Скот Бесент објави дека САД ги откупиле аргентинските пезоси на отворениот пазар, додавајќи дека Одделот работи со инвестициски фондови и банки за да создаде фонд од 20 милијарди американски долари за да продолжи да инвестира во суверениот долг на Аргентина.

Претседателот Трамп постојано ја нагласува својата поддршка за сегашните актуелни лидери на Аргентина и неговиот колега Милеи, но исто така додава дека ако ги изгуби изборите, „САД повеќе нема да губат време на Аргентина“.

-Го  поддржувам Милеи затоа што неговата филозофија е точна и затоа што неговата работа е точна. Затоа следните избори се исклучително важни, како и неговата победа. Ако победи, ние сè уште сме со него и Аргентина. Ако изгуби, ние си одиме, рече Трамп.

На 26 октомври Аргентина ќе одржи среднорочни избори на кои ќе бидат избрани половина од претставниците на Долниот дом и една третина од претставниците на Горниот дом на Националниот конгрес. Овие избори се сметаат за тест за аргентинската поддршка за политиките на Милеи за штедење и дерегулација. Претседателските избори во Аргентина се закажани за 2027 година. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата