Мечки убиле седум луѓе, се кријат во станбени населби во Јапонија

16.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мечки убиле седум луѓе, се кријат во станбени населби во Јапонија

Телото на последната жртва било пронајдено на 8 октомври во североисточната префектура Ивате, а обдукцијата покажала дека човекот, кој исчезнал во шумата претходниот ден додека барал печурки, бил убиен од мечка.

Ѕвер во урбана област

Се наведува дека мечката била застрелана во станбена област во Сендаи, во соседната префектура Мијаги, што е прв пат ревидираниот Закон за заштита и контрола на дивите животни да се користи за стрелање на опасни животни.

Локалната самоуправа соопшти дека возрасен мажјак висок 1,4 метри бил забележан во станбена област во Сендаи, по што еден жител ја повикал полицијата.

Градоначалникот потоа го одобрил стрелањето на дивата ѕверка од страна на ловџиите.

Ревидираниот закон во Јапонија, кој стапи на сила минатиот месец, им овозможува на локалните власти да ангажираат ловци да стрелаат опасни животни, како што се мечките, во населени области, според Кјодо.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата