Манекенка (33) и нејзината ќерка се пронајдени мртви- непријатниот мирис го откри страшното злосторство

14.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Манекенка (33) и нејзината ќерка се пронајдени мртви- непријатниот мирис го откри страшното злосторство

Според локалните медиуми R7, UOL Notícias и G1, соседите пријавиле силен и необичен мирис што доаѓал од станот каде што живееле мајката и ќерката во петок, 10 октомври. Кога пожарникарите влегле во станот, пронашле шокантна сцена - двете биле мртви, секоја во својата соба.

Според G1, Мијана била пронајдена во дневната соба, додека телото на манекенката Лидијана било откриено во една од спалните соби.

Немало знаци на насилство

Полицијата во Бара да Тижука потврди дека немало знаци на насилство на телата или во станот. Во соопштението се вели дека е спроведена истрага и телата се испратени на обдукција, но причината за смртта сè уште не е утврдена. Во тек се дополнителни токсиколошки и форензички анализи.

- Врз основа на прелиминарните наоди, не се пронајдени докази што би укажувале на физички напад - соопшти Граѓанската полиција на Рио.

Не биле видени пет дена

Соседите рекоа дека не ги виделе мајката и ќерката пет дена пред да бидат откриени. Двете потекнуваат од градот Санта Сесилија, во јужната бразилска држава Санта Катарина, но во последните години живееле во Рио де Жанеиро.

Нивните погреби се одржаа во недела, 12 октомври, на општинските гробишта Санта Сесилија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата