Порано вчера, премиерот во заминување, Франсоа Бајру, поднесе оставка, која Макрон ја прифати. Тој беше принуден да се повлече по само девет месеци на функцијата, поради неговиот неуспех да исполни централно ветување: да го протурка непопуларниот план за ублажување на растечкиот дефицит на Франција, објави Си-Ен-Ен.
Пред гласањето за доверба, Бајру ги предупреди пратениците дека неговото разрешување нема да ги реши проблемите на земјата. „Имате моќ да ја соборите владата, но немате моќ да ја избришете реалноста“, рече тој. „Реалноста ќе остане немилосрдна: трошоците ќе продолжат да растат, а товарот на долгот, кој веќе е неподнослив, ќе станува се поголем и поскап.“
Лекорну сега се соочува со двоен предизвик, да ја извлече Франција од финансиско мочуриште, додека води влада подготвена за масовни протести. Национални демонстрации и блокади на автопати се закажани за среда, по што ќе следи поширок штрајк предводен од синдикатите на 18 септември.