Мадуро најави распоредување на 4,5 милиони милиционери во Венецуела

19.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мадуро најави распоредување на 4,5 милиони милиционери во Венецуела

- Оваа недела ќе активирам специјален план со повеќе од 4,5 милиони милиционери за покривање на целата национална територија. Подготвени, активирани и вооружени, изјави Мадуро на државната телевизија.

САД неодамна ја удвоија наградата за неговото апсење на 50 милиони долари.

Милицијата, основана од поранешниот претседател Уго Чавез, брои околу пет милиони луѓе – цивили и резервисти – и се наоѓа под команда на армијата.

Мадуро изјави дека „пушките и ракетите треба да се дадат во рацете на селанството и работничката класа за да ја бранат татковината, територијата и мирот на Венецуела“.

Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела најави распоредување на американски поморски и воздушни сили на Карибите за операции против дрога, по што администрацијата на САД ја зголеми наградата за апсење на Мадуро, обвинет за поврзаност со наркокартел. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата