Декларацијата од Гјонгџу опфати клучни теми на агендата - од трговија и инвестиции до дигитални иновации и инклузивен раст, под заедничката тема „Поврзување, иновации и просперитет“, објави Јонхап.
Со овој документ, културните и креативните индустрии за прв пат се препознаваат како нов двигател на растот и ја потврдуваат посветеноста на 21-те членка на соработката во областите на вештачката интелигенција и демографските промени, објави претседателскиот кабинет на Јужна Кореја.

