- Враќањето на териториите изгубени во 2014 година и по февруари 2022 година сега сите го сметаат за невозможно. Русија никогаш нема да се откаже од нив, а Украина нема да има сила сама да ги врати, дури ни со наша помош. Путин не може да се врати и затоа што го промени Уставот, со што окупираните територии ги направи „руски“ на секој начин и затоа се стави во позиција каде што не може да преговара, наведе Кросето.
Тој посочи и дека жали поради тоа што голем број Италијанци биле под влијание на руската пропаганда и дезинформации.
- Ние не го забележуваме тоа како обични граѓани, но руската пропаганда влегла во мозоците и културното формирање на толку многу луѓе, насочувајќи ги преку софистицирана употреба на социјални и други информативни алатки, со научна инфилтрација и, исто така, со класична инфилтрација на корупција, посочи Кросето.

