- Ако лидерите манифестираат вистинска проевропска ориентација, тогаш и граѓаните имаат чувство дека нивната држава се движи во вистинска насока, изјави Кос.
Според неа, токму Албанија покажува дека со силно лидерство се можни и позитивни промени.
- Кога тие испорачуваат, испорачува и Европската Унија и ги поддржува, но секако се зависи од принципот на заслуги, истакна еврокомесарката за проширување.
Кос потсети дека Албанија денеска го отвора петтиот од шесте кластери во преговорите - Кластерот 4 „Зелена агенда и одржлива поврзаност“, оценувајќи дека ако продолжи сегашното темпо на преговарачкиот процес сите кластери ќе може да бидат отворени во текот на оваа година.
- Целта на Владата на Албанија е да го заврши техничкиот дел од преговорите во пристапниот процес до крајот на 2027 година. Европската комисија ја поддржува оваа визија на новата Влада на премиерот Еди Рама, додаде Кос.
Пристапна конференција Албанија-ЕУ се одржува пред денешното заседание на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК), на кој една од точките се и извештаите на Европската комисија за владеење на правото во 2025 година во земјите членки и кандидатите за членство, меѓу кои и за земјава, и на кое ќе присуствува и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.