Комбе со австриски и шпански новинари e нападнато со дрон во источна Украина (ВИДЕО)

8.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Комбе со австриски и шпански новинари e нападнато со дрон во источна Украина (ВИДЕО)

Во возилото се наоѓал и дописникот на ОРФ, Кристијан Вершуц.

Дрон нè погоди, но за среќа сите сме добро“, напиша Вершуц на Инстаграм, каде што објави видео снимка од инцидентот направена со неговиот мобилен телефон.

Според ОРФ, нападот се случил во областа Доњецк, додека новинарите со хуманитарната организација „Пролиска“ патувале кон градот Костјантиновка.

На видеото се гледа како патниците бегаат од возилото, по што се слуша експлозија, а потоа се забележуваат опожарени остатоци и чад.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата