„Кина е подготвена да го консолидира и прошири сеопфатното стратешко партнерство меѓу двете земји. Кина отсекогаш гледала на односите со Германија од стратешка и долгорочна перспектива и е задоволна што Германија и Европската унија играат важна улога во глобалните текови, изјави денеска во Пекинг, портпаролот на кинеското МНР, Лин Џијан.
Додаде дека Кина е подготвена да соработува со Германија и ЕУ за да придонесе за мирот и просперитетот во светот.