Избори во Германија: Победи ЦДУ/ЦСУ со 208 мандати, втора АФД со 152, СПД трети со 120

24.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Избори во Германија: Победи ЦДУ/ЦСУ со 208 мандати, втора АФД со 152, СПД трети со 120

Демохристијаните на Фридих Мерц кој е и кандидат за иден Канцелар, освоија 208 пратенички места, на второ место, со околу 10 милиони гласа и 152 пратеници е крајно-десната „Алтернатива за Германија“, а веднаш зад неа со историски најслаб резултат се социјал - демократите на актуелниот канцелар Олаф Шолц кои имаат триесетина пратеници помалку. Изборната мапа на земјата уште еднаш ја потврди и поделбата меѓу истокот и западот на земјата, а иако крајната десница ќе биде втора партија во Бундестагот, победникот на изборите Мерц отфрли било каква коалиција со нив. Но, најави тектонски промени во надворешната политика на Германија.

-Јас сум во близок контакт со многу премиери, шефови на држави и влади на земји-членки во ЕУ и за мене апсолутен приоритет ќе биде да се зајакне Европа што е можно побрзо, за чекор по чекор, да добиеме вистинска независност од САД. Никогаш не верував дека ќе морам да кажам вакво нешто на телевизиска програма. Но, по последните коментари на Доналд Трамп минатата недела, јасно е дека американците, или барем дел од американците во оваа влада, се грижат малку за судбината на Европа,--Фридрих Мерц – Претседател на ЦДУ/ЦСУ.

Речиси извесно е дека Германија повторно ќе добие коалициона влада меѓу демохристијаните и социјал-демократите, во обид да се изолира крајната десница. Актуелниот канцелар Шолц најави дека ќе остане на функцијата до крајот на мандатот, но нема да учествува во преговорите зза состав на нова влада.

-Сакам јасно да кажам за мене, дека ако во оваа земја, екстремно десничарска партија како АФД добива вакви резултати, тоа не смее никогаш да биде нешто што би го прифатиле. Јас нема никогаш тоа да го прифатам. И затоа мораме да се придржуваме до тоа што сите го говореа минатите години и декади – нема заедничка соработка со крајната десница. Јас ќе бидам на функцијата до последниот ден, но на другите ќе биде да најдат начин како да се формира нова влада,-- Олаф Шолц – Канцелар на Германија.

Од крајно десничарската Алтернатива за Германија пак, исходот од изборите го оценија како историски. Според нив, гласачите биле јасни, а доколку не им биде дадена шанса да станат дел од новата влада, очекуваат победа на следните избори.

-Ако на ЦДУ и дојде оваа идеја, оваа несериозна идеја да продолжат со „Социјалистите“ и со „Зелените“ односно точно со таа левичарска политика, ќе ги надминеме ЦДУ во наредните неколку години и ќе ни биде даден мандат за состав на влада и ќе ја вратиме оваа земја назад. Луѓето ќе донесат ред. Го покажаа тоа на гласачките места, мнозинството сака централно-десна коалиција и апсолутно сакаат промена во политиката,--Алис Вајдел – Ко-претседателка на АФД.

Фридрих Мерц кој се очекува да биде нов германски канцелар, со 69 години ќе биде најстарата личност на таа функција по Конрад Аденауер кој на функцијата стапил со 73 години. Како поранешен еврорпатеник и де од Бундестагот, важи за успешен правник со тврди ставови за имиграцијата, кој политичкиот подем го дочека по повлекувањето на Ангела Меркел од функцијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата