Како што јавуваат холандските медиуми, оваа излезност е пониска во споредба со претходните избори во ноември 2023, кога до 10:30 часот одѕивот беше 14 проценти.
Своето гласачко право уште претпладнево го остварија лидерите на водечките политички партии.
За да се олесни гласањето на граѓаните, поставени се гласачки места и на 50 железнички станици ширум Холандија, на кои, според централната Изборна комисија, засега нема поголеми гужви и гласачкиот процес тече непречено.
Последните анкети на јавното мислење, спроведени вчера, покажуваат неизвесна борба за победа меѓу Партијата на слободата (ПВВ) на Герт Вилдерс, блокот на Лабуристичката партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) на Франс Тимерманс и партијата Демократи 66 (Д66) на Роб Јетен, кои се очекува да освојат по околу 15 отсто од гласовите и по 23 пратенички места.
Околу 10.000 гласачки места за денешните избори ќе бидат отворени до вечерва до 21 часот.

