Хаос во Франција! Терорист со автомобил влета меѓу пешаци, викајќи Алах акбар, неколку повредени

5.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаос во Франција! Терорист со автомобил влета меѓу пешаци, викајќи Алах акбар, неколку повредени

Пет лица се повредени, од кои тројца потешко, соопшти националната жандармерија. Возачот е приведен.

Инцидентот се случил околу 8:45 часот наутро помеѓу две села на островот, Долус Долерон и Сен-Пјер Долерон. Вкупно биле вклучени десет лица, пешаци и велосипедисти.

Неколку жртви се транспортирани со хеликоптер во Универзитетската болница во Поатје. 

Според првичните информации од истрагата, возачот наводно извикал „Алаху Акбар“ пред да влета во пешаците.

Оваа информација сè уште не е официјално потврдена. Според локалните власти, 30-годишниот напаѓач е француски државјанин и е познат по бројни испади, особено по редовното консумирање дрога и алкохол. Тој не е во регистарот на лица под надзор поради ризик од терористичка радикализација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата