Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

20.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

- Претседателот на САД гордо кажува дека ја бомбардирале и уништиле иранската нуклеарна индустрија. Многу добро, продолжете да сонувате!, објави Хамнеи на платформата Икс.

Во израелскиот напад врз Иран во јуни се придружија и САД, кои ги бомбардираа иранските нуклеарни постројки Натанц, Фордоу и Исфахан.

Иранското Министерство за надворешни работи пред два дена соопшти дека Техеран повеќе не е ограничен за својата нуклеарна програма, бидејќи истече меѓународниот Сеопфатниот нуклеарен договор (ЈЦПОА). Иран во 2015 година склучи договор со Франција, Германија, Велика Британија, Кина, Русија и САД за регулирање на нуклеарната програма, а за возврат да се намалат меѓународните санкции против Техеран. Но, во 2018 година, за време на првиот претседателски мандат, Доналд Трамп еднострано ги повлече САД од Договорот и повторно воведе санкции кон Иран. Како одговор, Техеран ги зголеми резервите на збогатен ураниум на 60 отсто.

Според податоците на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Иран е единствената држава без нуклеарно оружје, која збогатува ураниум до високо ниво од 60 отсто, што е блиски до потребните 90 проценти за производство на атомска бомба. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата