Хамас: Во офанзивата на Газа, заложниците се изложени на истите ризици како и борците

30.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хамас: Во офанзивата на Газа, заложниците се изложени на истите ризици како и борците

- Ќе се грижиме за затворениците најдобро што можеме, а тие ќе бидат заедно со нашите борци во зоните на конфликт, изложени на истите ризици и животни услови, соопшти портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Обеида, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Израел претходно соопшти дека се подготвува да почне нова офанзива врз градот Газа, кој го опиша како последно упориште на Хамас.

Во градот во моментов живее околу половина од двата милиони жители на Газа, а израелските власти наведоа дека на нив ќе им биде кажано да се евакуираат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата