Евакуациите го зголемуваат вкупниот број на раселени лица од минатиот месец на 1,3 милиони, објавува АП.
Рано утрово преку дипломатски канали од соседна Индија беше издадено ново предупредување за поплави за Пакистан, второ за 24 часа, поради обилни врнежи од дожд и испуштање вода од индиските брани.
Властите се обидуваат да ги пренасочат надојдените реки кон обработливо земјиште за да ги заштитат големите градови, како дел од една од најголемите операции за спасување и помош во историјата на Пенџаб, кој се протега во источен Пакистан и северозападна Индија.
Арфан Али Хатија, генерален директор на Управата за управување со катастрофи на покраината Пенџаб, изјави дека повеќе од 3,3 милиони луѓе во околу 33.000 села низ покраината се погодени од поплавите.
Штетата сè уште се проценува, а локалните власти ќе ги обесштетат оние кои ги загубија своите домови и посеви, додаде тој. На индиска страна, лизгањата на земјиштето и поплавите во индискиот Пенџаб однесоа најмалку 29 животи, во регион со повеќе од 30 милиони луѓе.
Катија рече дека се поставуваат привремени засолништа и дека храната и основните потреби се доставуваат до жителите, иако многу преживеани изразуваат незадоволство од недостатокот на помош.
Масовните евакуации во Пакистан започнаа минатиот месец откако Индија испушти вода од преполните брани во ниските гранични области.
Ова се најлошите поплави од 2022 година, кога катастрофите во Пакистан убија речиси 1.700 луѓе.