Канадскиот премиер пристигна во Киев: Засилени напори за праведен и траен мир во Украина (ВИДЕО)

24.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Канадскиот премиер пристигна во Киев: Засилени напори за праведен и траен мир во Украина (ВИДЕО)

„На овој ден, Денот на независноста на Украина, и во клучен момент од нивната историја, Канада ја засилува поддршката и напорите за воспоставување праведен и траен мир во Украина“, напиша Карни на X.

Андрија Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, ја поздрави посетата на канадскиот премиер на Киев. „На овој посебен ден, Денот на независноста на Украина, за нас е особено важно да ја почувствуваме поддршката од нашите пријатели. А Канада отсекогаш била со нас“, објави Јермак на Телеграм.

Денеска, Украина ја слави 34-годишнината од независноста на земјата.

На 24 август 1991 година, претставници на тогашната Украинска Советска Република прогласија независност од Москва и ја прогласија државата Украина. На тој ден, големо украинско сино-жолто знаме беше донесено во пленарната сала на парламентот, заменувајќи го црвено-синото знаме на Украинската Советска Република.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата