Камала го критикува Бајден: Лута сум и разочарана

19.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Камала го критикува Бајден: Лута сум и разочарана

Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, во своите мемоари „107 дена“ откри дека била „лута и разочарана“ по телефонскиот повик од поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, само неколку часа пред нејзината претседателска дебата против Доналд Трамп.

Во книгата, која ја доби „Гардијан“ пред нејзиното објавување следната недела, се наведува дека Бајден во тоа време ѝ рекол дека моќните соработници на неговиот брат одбиваат да ја поддржат затоа што „зборувала лоши работи за него“.

Харис пишува дека не разбирала зошто Бајден ја оптоварувал со приказни за „моќни брокери од Филаделфија“ во тој момент, додека се подготвувала за клучната дебата. Во своите мемоари, Харис упатила и други критики кон Бајден, вклучувајќи ја, како што рече, неговата несигурност во комуникацијата за правата за абортус по пресудата на Врховниот суд од 2022 година, како и „слабостите за време на кампањата, како што се честите вербални пропусти и лошите настапи на дебатата“.

Харис вели дека сметала дека помошниците на Бајден честопати ја маргинализирале, ѝ давале „невозможни задачи“ и ѝ ги негирале заслугите за нејзините успеси. Нејзината фрустрација, напиша таа, станала очигледна за нејзиниот сопруг, Даг Емхоф, кој во еден момент рекол дека сфатиле дека таа е нивниот адут дури подоцна.

Можеби ќе ве интересира: Скандалозни наводи за минатото на сопругот на Камала Харис: Ја изневерувал сопругата со дадилка

Бајден на крајот се откажа од претседателската трка на 21 јули и ја поддржа Камала Харис. Нејзините советници ја советувале да се дистанцира од него, но таа признава дека тешко ги поднесувала зборовите на нејзините најблиски помошници дека луѓето го мразат Џозеф Бајден.

Во книгата, Харис опишува и моменти на тензија со првата дама Џил Бајден, како и расистички напади од Доналд Трамп за време на кампањата, пишува „Гардијан“. Сепак, таа нагласила дека одбила да падне на провокациите на Трамп.

Извор: Б92

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата