Јапонија ја погоди земјотрес од 6,8 степени, издадено е предупредување за цунами

9.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јапонија ја погоди земјотрес од 6,8 степени, издадено е предупредување за цунами

Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, источно од островот Хоншу, на длабочина од 10 километри.

Издадено е предупредување за опасност од цунами. Се очекува брегот на префектурата Ивате да биде погоден од бран висок еден метар. На граѓаните им е советувано да се оддалечат од брегот.

Според наводите на очевидци, објавени на веб-страницата на ЕМСЦ, потресот не бил почувствуван силно, иако траел до цела минута.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата