Израелски дипломат: ЕУ не е САД и треба да има почит кон Израел

30.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелски дипломат: ЕУ не е САД и треба да има почит кон Израел

Европската Унија треба да се однесува со почит кон Израел и да престане да се меша во неговата политика, доколку сака да одржува добри односи со земјата и да игра некаква улога во мировниот процес на Блискиот Исток, порача политичкиот директор во израелското Министерство за надворешни работи, Јоси Амрани. 

- Европската Унија треба да сфати дека Израел е играч и партнер и да има фер третман кон него, изјави амбасадорот Амрами во интервју за бриселскиот портал „Еурактив“. 

Според него, неприфатлив е односот на некои европски политичари, кои, како што вели, мислат дека можат да вршат притисок врз Израел со санкции и други тактики. 

- ЕУ не е САД. Не сум сигурен дека САД, во односите со Израел го користат терминот притисок. Ако почитувате еден партнер и кога дискутирате и преговарате со партнер, не вршите притисок и не се заканувате, додаде Амрами.  

Европската комисија на почетокот на месецов предложи пакет рестриктивни мерки кон Израел, со цел, како што беше најавено, да се изврши притисок врз земјата да запре со воените активности во Газа и да дозволи дистрибуција на хуманитарна помош за цивилите во Појасот. Предлогот за воведување санкции кон Израел се уште не е одобрен од земјите членки. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата