- Итно предупредување до жителите на населбите во јужен Бејрут. Израелската армија ги продолжува своите операции и напади врз воената инфраструктура на Хезболах во јужните предградија, објави портпаролот на израелската армија, полковник Авихаи Адраех, на платформата Икс.
Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе продолжат нападите врз Хезболах „секаде каде е неопходно“.

