Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги оцени нападите како „очигледно кршење на првичниот договор за примирје“.
„Ова е опасен сигнал на измама и недостиг на посветеност на можните договори“, рече тој, додавајќи дека „продолжувањето на овие дејствија ќе ги направи преговорите бесмислени“.
- Нашите прсти остануваат на чкрапалото - предупреди Пезешкијан. „Иран никогаш нема да ги напушти своите либански браќа и сестри.“
Израел, пак, инсистира дека конфликтот со проиранската милиција Хезболах не е опфатен со примирјето со Иран, кое беше објавено од американскиот претседател Доналд Трамп и посредувано од Пакистан.
Најновите напади врз Либан предизвикаа стравувања дека кревкото примирје – кое вклучуваше и повторно отворање на клучната Ормуска Теснина – може брзо да пропадне.
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад-Багер Галибаф, исто така упати закани кон Израел.
„Прекршувањето на примирјето носи јасни последици и СИЛНИ одговори“, напиша тој на платформата Икс.
Галибаф се повика на изјави на пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој изјави дека Либан е опфатен со примирјето.
„Либан и целата Оска на отпорот, како сојузници на Иран, се неразделен дел од примирјето“, напиша Галибаф, додавајќи дека „нема простор за негирање и повлекување“.
Мировните разговори меѓу претставници на Иран и САД треба да започнат утре во Исламабад.

