Мерц: Израелските напади врз Либан го загрозуваат примирјето со Иран

9.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мерц: Израелските напади врз Либан го загрозуваат примирјето со Иран

Германскиот лидер изјави дека Берлин со голема загриженост ја следи ситуацијата на Блискиот Исток, откако САД и Иран претходно неделава се договорија за двонеделно примирје, јави ДПА.

- Интензитетот со кој Израел ја води војната [во Либан] може да доведе до пропаѓање на целиот мировен процес. Тоа не смее да се случи - изјави Мерц.

- Затоа, заедно со други шефови на држави и влади, вчера побарав од израелската влада да стави крај на понатамошната ескалација на нападите - додаде тој, повикувајќи се на заедничката изјава на европските лидери и Канада објавена вчера.

Во документот се повикуваат сите страни вклучени во борбите на Блискиот Исток „да го спроведат примирјето, вклучително и во Либан“.

И покрај примирјето меѓу САД и Иран, објавено доцна во вторникот, Израел продолжи со нападите врз Либан, нагласувајќи дека никогаш не се согласил да ги запре нападите врз проиранската милиција Хезболах како дел од договорот.

Според либанското Министерство за здравство, во израелските напади врз Либан во средата загинале повеќе од 200 лица. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата