Двајцата лидери поминале 45 минути во автомобилот на рускиот лидер, по што Моди објави нивна заедничка фотографија фалејќи го Путин, пишува Би-Би-Си.. „Тие беа дома... Таму се чувствуваа удобно и затоа го продолжија разговорот“, рече портпаролот на Путин.
Порака до Вашингтон
Средбата се одржа откако двајцата лидери, заедно со кинескиот претседател Си Џинпинг, се држеа за раце на самитот на Шангајската организација за соработка. Оваа сцена се толкува како предизвик за американскиот претседател Доналд Трамп и доминацијата на САД на глобалната сцена.
Имено, Трамп воведе американски царини од 50% за стоки од Индија како казна за Делхи за купување руска нафта и оружје. Овие царини, меѓу највисоките во светот, вклучуваат казна од 25% за трансакции со Русија, кои се клучен извор на средства за нејзината војна во Украина.
Индија не попушта под притисокот
И покрај тоа што е витален стратешки партнер на САД во Индо-Пацификот, Индија не покажува знаци дека ќе ги запре своите купувања. Пријателството со Путин покажано во Тјанџин се гледа токму во контекст на заканите на Трамп. Исто така е значајно што до неодамна САД беа најголемиот трговски партнер на Индија.
Во исто време, Путин се соочува со рокот на Трамп за согласност за мировни разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но Русија рече дека не планира таков состанок. Зборувајќи на самитот, Путин им се заблагодари на кинеските и индиските лидери за нивната поддршка и напори за „олеснување на решавањето на украинската криза“.
Во својот говор, Путин исто така рече дека на средбата со Трамп во Алјаска минатиот месец (август 2025 година), „биле постигнати разбирања“ за кои се надева дека претставуваат „потег во таа насока, отворајќи го патот за мир во Украина“. Да ве потсетиме дека Русија започна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година.
На 22 август, Трамп рече дека му дал на Путин „неколку недели“ да одговори пред САД да преземат акција. Тоа беше најновиот во низата ултиматуми што рускиот лидер ги игнорираше. Трамп претходно изјави дека може да ја реши војната во Украина за еден ден.